„ПРЕСИНГ“ со НАЦЕВА и КАСТРАТОВИЌ: Многу емоции, многу смеа…, за „старите добри времиња“, за Кометал, за Трифун, за СП 1997, за Вардар…. (ВИДЕО)

ДЕВЕТНАЕСЕТТА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со едни од двете најголеми дами во историјата на македонскиот спорт – ГОРДАНА НАЦЕВА И ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ!

За златните денови на македонскиот женски ракомет и европските шампионски титули на Кометал ЃП, за Трифун Костовски како газда, за настапот на Светското првенство 1997 – Прв настап за една репрезентација на Македонија на СП, во било кој екипен спорт, и она историско 7.место, за ЖРК Вардар потоа и за тоа дали може да го вратиме женскиот ракомет повторно на европските височини!

РАЗГОВОРИ ЗА…
• За најсјајното во македонскиот женски ракомет, европската титула на Кометал ЃП од 2002 година
• Која беше тајната на Кометал ЃП?
• Тимот живееше буквално како едно семејство… Каков беше како газда Трифун Костовски?
• Жално е што пропадна еден таков проект…. Зошто откако веќе не можеше Трифун Костовски ниту еден друг стопанственик во Македонија не сакаше да го преземе клубот?
• Како песната „Македонско девојче“ стана химна на македонската женска репрезентација?
• За историскиот настап на Светското првенство 1997 година, прв на една македонска селекција, во било кој спорт, на Мундијал!
• Дали некој веруваше дека Македонија може да дојде да биде седма женска ракометна сила во светот… Штета што во четврфиналето се соочувме со домаќинот
• Зошто потоа следеше голем пад на женскиот ракомет?
• Колку малку недостасуваше ЖРК Вардар со оној дрим-тим да дојде до европските титули?
• Како Гордана Нацева е „виновна“ што место ЖРК, машкиот клуб на Вардар дојде до двете европски титули!
• За трнливиот пат до успехот и на Нацева и на Кастратовиќ… Многу труд, напор, неочекувани ситуации, за да се дојде до врвот!


===========================================

ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“….

Се вчитува...