ПРЕСИНГ со Перо Антиќ: Со Тоше си дадовме рака – ќе одиме ли против криминалциве да ja вратиме кошарката…

ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!

===========================

Перо Антиќ е гостин во најновата епизода на „Пресинг“, два часа во кои најдобриот македонски кошаркар на сите времиња говореше за најразлични теми.

Тој обелодени дека во периодот пред да стане претседател на КФСМ имал понуда од над еден милион евра од далечната Кина, но пресудно било едно седнување во кафеана – со долгогодишниот цимер Тоше Гечевски.

„Јас се борев жими мајка, со Тоше, јас во тоа време имав понуда од Кина од 1,2 милиони… Прашајте го Тоше Гечевски, зошто заедно со него во кафеаната „Чекмеџе“ на Ѓорѓи Чековски… море, ќе идеме ли против овие криминалциве да ја вратиме кошаркава… Јас му викам – рака… кога ќе дадам рака и збор, нема шанси да го прекршам“, открива Перо Антиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Целиот разговор со најдобриот македонски кошаркар на сите времиња може да го проследите овде…

Се вчитува...