Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа како гости против Денвер Нагетс со 115-107.
Дејвид Аделман не можеше да смета на Никола Јокиќ и уште неколку играчи вечерва, додека Остин Ривс недостасуваше кај „езерџите“.
Лука Дончиќ беше најефикасниот поединец на средбата со 38 поени, 13 скока и 10 асистенции. Леброн Џејмс го испрати и со одлично забивање го одби последниот наплив на домашниот тим. Имаше 19 поени, девет скока и осум асистенции.
Џамал Мареј се истакна за Нагетс со 28 поени, 11 асистенции и два скока. Арон Гордон додаде 18, со пет асистенции и четири скока, Пејтон Вотсон постигна 18, со пет скока и три асистенции, а Спенсер Џонс имаше 16 поени и пет скока.
Нагетс го диктираа темпото на играта и водеа во текот на целото прво полувреме, држејќи двоцифрена предност. Во третата четвртина имаа и +16, но до крајот на тој период, Лејкерси ја стопија таа разлика и се приближија.
Пресвртот на средбата се случи во последната четвртина, кога гостите направија серија од 12-0 од која Денвер не можеше да се опорави.
Marcus Smart keeps the Lakers rolling 🤑
LAL on a 12-0 run on NBC & Peacock! pic.twitter.com/PwwOHoHZc9
— NBA (@NBA) January 21, 2026
Лејкерси сега имаат скор од 26-16, седми на Западот, додека Нагетси се трети со скор од 29-15.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија Сиксерс – Феникс Санс 110-116
Чикаго Булс – ЛА Клиперс 138-110
Хјустон Рокетс – Сан Антонио Спарс 111-106
Јута Џез – Минесота Тимбервулвс 127-122
Денвер Нагетс – ЛА Лејкерс 107-115
Голден Стејт Вориорс – Торонто Репторс 127-145
Сакраменто Кингс – Мајами Хит 117-130
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

