Познатиот британски новинар Пирс Морган испрати порака за менаџерот на Арсенал Микел Артета. Арсенал сезонава блеска под водство на Артета, а во последното коло го декласира Шефилд со 6-0.
Тоа беше трета последователна победа за тимот од Лондон кој ја продолжува трката за шампионската титула. Поради одличните игри, Пирс престана да се сомнева во работата на Артета.
„Се сомневав во одлуката на Артета да го замени Рамсдејл со Рајо. Тој беше во право. Се сомневав во вербата на Артета во Хаверец. Тој беше во право. Се сомневав во одбивањето на Артета да купи напаѓач во јануари. Тој беше во право. Престанав да се сомневам”, рече Морган.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА