Престрелка пред фудбалски натпревар во Аргентина

Пред натпреварот од аргентинската прва лига меѓу Сармиенто и Баракас Централ (1-1) дошло до пукање пред стадионот „Ева Перон“. Според аргентинските медиуми, двајца маскирани напаѓачи се качиле на мотор и испукале неколку истрели од огнено оружје кон група навивачи кои биле пред стадионот.

Во таа прилика беа повредени најмалку пет навивачи, од кои ниту еден потешко, како што се испостави, а иако најпрвин имаше информации дека еден од ранетите им подлегнал на повредите, таа информација се покажа дека е погрешна.

Споменатиот, кој бил најтешко погоден од пукањето, се здобил со прострелна рана во ногата, пренесен е во болница и е надвор од животна опасност. Останатите ранети исто така се чувствуваат добро.

Поради немилиот настан натпреварот доцнеше 12 минути и започна дури откако полицијата даде дозвола за игра.

Се вчитува...