Џанлука Престијани го очекува уште подолга пауза од европските фудбалски терени откако играчот на Бенфика преку социјалните мрежи жестоко ги нападна челниците на УЕФА.
Причина – одбиената жалба на Бенфика за да му биде дозволено да игра на вечерашниот реванш со Реал Мадрид, што сепак нема да се случи бидејќи Престијани останува суспендиран до крајот на истрагата за расизам од него кон Винисиус.
„Удирањето некото со рака е дозволно, иако се гледа и нема казна. Но, казнувате некого без никаков доказ и уште велите дека сте чесни. Повеќе не се ни обидувате да сокриете дека сте за Реал Мадрид“, напиша Престијани на својот инстаграм профил.
Асот на Бенфика триесетина минути подоцна го избришал овој пост, но јасно е дека вакви коментари по социјалните мрежи нема да минат неказнето од европската куќа на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

