Пресуда: За Кокорин 19 месеци во затвор, Мамајев еден месец помалку

Поранешните фудбалски репрезентативци на Русија, Александар Кокорин и Павел Мамајев, ќе останат во затвор до крајот на годинава по казните што им беа изречени од страна на судот во Москва. Двајцата фудбалери беа прогласени за виновни за предизвикувања на две тепачки во руската метропола, од кои во едната нападнаа угледен политичар од оваа земја.

Поради тоа, Кокорин е казнет со затвор од 19 месеци, додека Мамајев доби еден месец пократка затворска казна. Бидејќи според рускиот систем „еден ден затвор значи и еден и пол ден на слобода“, а фудбалерите се уапсени уште од октомври 2018, се очекува Мамајев да излезе од затвор во ноември 2019, а Кокорин пред новогодишните празници.

Покрај двајцата фудбалери, затворски казни добија и Кирил Кокорин, помладиот брат на Александар, како и нивниот пријател Алексадар Протасовицки.

Се вчитува...