Пресуди храброто срце на „вардарци“, битолчани изгореа во сопствениот пекол (Фотогалерија)

Вардар по голема битка го совлада Еурофарм Пелистер среде „пеколот“ во „Боро Чурлевски“, покажувајќи величина да одигра најдобро кога беше најважно и да врати со иста мерка за нокаутот во Скопје од минатиот месец.

„Црвено-црните“ покажаа карактер, а во клучните моменти блеснаа најискусните, Борко Ристовски ги имаше клучните одбрани, додека Стојанче Стоилов и повреден постигна неколку важни голови во моментите кога се кршеше резултатот.

„Пелистерци“ изгореа во сопствениот пекол, не го издржаа притисокот што им се наметна поради големиот влог – шампионскиот трофеј за кој ќе мора да почекаат уште најмалку една година.

Публиката беше на највисоко ниво, „Чкембари“ создадоа атмосфера за чиста десетка, но се падна во вода когамечот не заврши со хепиенд за битолчани.

 

Се вчитува...