Пресврт: Алиоски останува во Ал-Ахли, клубот ќе го пријави во азиската ЛШ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски на крајот по целата драма сепак ќе остане во редовите на својот Ал Ахли.

Македонскиот репрезентативец повеќе од година е без клупски настапи, но сепак на крајот ќе продолжи со клубот за кој последен пат настапи точно пред една година. Алиоски ќе биде пријавен во Азиската Лига на шампиони, што значи дека може да се врати во натпреварувачка форма.

Aлиоски во Ал Ахли дојде во 2021 година, но за клубот од Саудиска Арабија одигра само 32 натпревари.

Се вчитува...