ПРЕСВРТ: Анчелоти останува во Реал најмалку до крајот на сезоната

Карло Анчелоти нема да добие отказ од Реал Мадрид по финалето на Купот против Барселона. Иако се шпекулираше дека со Италијанецот на клупата е готово, сепак, тој според најавите од Шпанија, тој ќе остане на клупата на „кралевите“ најмалку до крајот на сезоната.

Потоа ќе се анализира неговата работа, па Флорентино Перез ќе донесе одлука. Јасно е дека Реал го доби Килијан Мбапе оваа сезона, и не успеа да стигне до финалето во Лигата на шампионите, но треба да се земат во предвид и многуте повреди сезонава. Реал остана без Карвахал, Милитао, Алаба поради скинати лигаменти. Но, вината ја има и самиот клуб што не донесе засилувања во зимскиот преоден рок.

Наголемо се шпекулира дека Јирген Клоп е подготвен да преговара за да седне на клупата на Реал, а втора варијанта е Чаби Алонсо од Леверкузен за отштета од 10-15 милиони евра. Трета варијанта и најнереална во моментов е враќање на Зинедин Зидан.

Се вчитува...