Тренерот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака да го продолжи договорот со тој клуб по 2026 година, објавија шпанските медиуми. Минатиот декември тој го продолжи договорот до 2026 година, меѓутоа AS објави дека Анчелоти сака да остане по 2026 година, под услов клубот да му понуди нов договор. Сепак, Анчелоти не прецизираше кога точно ќе ја заврши кариерата.
Шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид има намера да го замени Анчелоти на клупата со Чаби Алонсо, но дека тренерот на Баер Леверкузен би можел да преземе друг клуб, доколку челниците на тимот од Мадрид чекаат долго да го ангажираат.
Анчелоти после 2026 година изјави дека ќе се пензионира, меѓутоа се чини се премислува, и сака да остане подолго на клупата на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА