Пресврт: Атина ќе биде следната дестинација на Лука Јовиќ?

Доскорашниот напаѓач на Милан, Лука Јовиќ е многу блиску до потпис на договор со грчкиот тим АЕК Атина, јавува „Марка“.

Наводно српскиот интернационалец е веќе во Атина, каде што во следните денови ќе треба да потпише за „жолто-црните“, каде тренер е неговиот сонародник Марко Николиќ.

27-годишниот напаѓач беше пред трансфер во Мексико, а потоа преговараше и со Овиедо, но двата трансфери пропаднаа, па сега е пред селидба во нашиот јужен сосед.

Јовиќ во минатото беше дел од Фиорентина, Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт. Тој беше поврзуван и со кам-бек во Црвена Звезда, но поради превисоките примања, овој трансфер не беше можно да се случи.

Се вчитува...