Пресврт: Баерн Минхен ќе го откупи Хамес Родригез

Германскиот првак Баерн Минхен влезе во победничка низа, вчера победи со убедливи 6-0 против Волфсбург на „Алијанц арена“ и веднаш е се поинаку во баварскиот клуб. Раководството на клубот се премислува и за ситуацијата околу колумбискиот интернационалец Хамес Родригез. Претходно, категорично беше отфрлен предлогот за комплетно откупување на неговиот договор по истекувањето на двегодишната позајмица од Реал Мадрид. Сепак, најновите вести се дека Баерн Минхен ќе плати 42 милиони евра и ќе го откупи Хамес Родригез.

„Јас сум голем фан на Хамес Родригез. Тој има одлична лева нога, тој е суперѕвезда на светскиот фудбал и ние секако сакаме да го задржиме. Мислам дека и следната сезона ќе биде дел од Баерн Минхен. Мораме да ја искористиме опцијата за откупување на неговиот договор, за тоа имаме можност до 15 јуни“, изјави Карл – Хајнц Румениге, директорот на баварскиот клуб.

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд по 25 кола во Бундес-лигата се во мртва трка за првата позиција и на врвот имаат по 57 бода.

 

Се вчитува...