Пресврт: Челси добива газда од Турција?!

Челси веќе на почетокот од следната седмица би можел да добие нов сопственик, откако во трката за купување на клубот од Роман Абрамович се вклучи и турскиот милијардер Мунсих Бајрак.

Иако се чинеше дека најконкретни се преговорите со конзорциумот предводен од Тод Боели и Хансјорг Вис, нивната понуда беше пониска за една милијарда евра од она што го бара Абрамович, со што остави простор за останатите заинтересирани страни. Турчинот Бајрак досега воопшто не беше споменуван во трката, но денеска тој се јави со официјално соопштение не само дека преговара со Абрамович, туку дека е и многу блиску да стане нов сопственик на актуелниот европски првак.

„Преговараме со господинот Роман Абрамович околу условите за купување на фудбалскиот клуб Челси од него. Разговорите се во напредна фаза и блиску сме до ставање на потпис на договорот. Наскоро ќе го развееме турското знаме во Лондон. Ја испративме нашата понуда и очекуваме таа да биде прифатена“, изјави Бајрак за турските медиуми.

Се вчитува...