Челси десетина дена интензивно преговара со Јувентус за Матијс де Лихт, но лондонскиот клуб ќе претрпи уште еден пораз на пазарот откако холандскиот репрезентативец реши да не ја продолжи својата кариера на „Стемфорд бриџ“. Според последните информации, Де Лихт сега сака да се пресели во Баерн Минхен и веќе ги известил челниците на Јувентус да се фокусираат само на преговорите со баварскиот гигант и воопшто да не разговараат повеќе со Челси.
Тој во изминатите два дена имал неколку разговори со директорот Салихамиџиќ и со тренерот Нагелсман, при што Де Лихт бил воодушевен од проектот што му бил презентиран, во кој тој ќе ја има главната улога во одбранбената линија.
Проблем сепак претставува фактот дека Јувентус инсистира на 80 милиони отштета за Холанѓанецот, а Баерн нема намера да плати повеќе од 60 милиони. Де Лихт има уште две години од актуелниот договор, па „старата дама“ нема да дозволи притисок во преговорите, а доколку Баерн не ги задоволи барањата на „црно-белите“ од Торино, многу лесно може да се случи екс-капитенот на Ајакс да остане уште најмалку една сезона во Калчо-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

