Еден пораз, и тоа на пенали, беше доволен за да се смени визијата околу иднината на француската репрезентација. Дидие Дешамп до вчера беше идеален кандидат за селектор, предодреден да продолжи да ја извршува оваа функција уште две години, но тоа повеќе не е случај.
Самиот Дешамп одби да ја коментира својата иднина, па иако до неодамна делуваше сигурен дека ќе остане селектор, тоа повеќе не е случај.
„Не знам што да ви кажам за иднината. Имам состанок со претседателот на федерацијата на почетокот од годината. Ќе дискутираме, па ќе решиме“, изјави Дешамп накратко по поразот од Аргентина.
Според француските медиуми, функцијата селектор веќе му е ветена на Зинедин Зидан и по денешниот неуспех, огромни се шансите Дешамп да си замине и да му го препушти местото на поранешниот тренер на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА