Само малку време му беше потребно на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски да ги убеди челниците на Фенербахче во своите квалитети за да дојде до пресврт, па турскиот гигант сега сериозно да размислува да го задржи нашиот ас и да го откупи целосно неговиот договор со Ал Ахли. Фенер во текот на зимава се обидуваше да се ослободи од Алиоски, тренерот Жезус често не го вклучуваше ниту на клупата за резерви, но екс-фудбалерот на Лидс остана во клубот, продолжи напорно да работи и ја чекаше својата шанса.
И кога таа дојде, Алиоски максимално ја искористи. Тој добива минутажа на последните натпревари на Фенер и секогаш максимално ја опрадвува довербата, со што го смени ставот и на тренерот, но и на клупските директори. Според последните информации од Турција, став на клубот сега е дека Алиоски треба да остане и за наредната сезона, за што наскоро ќе бидат почнати и преговори со неговиот клуб од Ал Ахли од Саудиска Арабија.
Ако се знае дека овој клуб бара начин да се ослободи од Алиоски, за очекување е да биде најден заеднички јазик и Фенер за сума не повисока од два милиони евра целосно да го откупи договорот на македонскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА