Од Италија стигнува една неверојатна вест. Според информациите, Пауло Дибала би можел и натаму да го носи дресот на Јувентус. Иако било се договорено со Интер, сепак, челниците на миланскиот клуб, се чини се оладиле од негов ангажман, а згора на тоа вчера го потврдија враќањето на Лукаку.
Поради неможноста да најде трансфер, Дибала се одлучил на неверојатен потег. Тој најпрво се решил да го смени менаџерот, а сега е пред сензационален кам-бек во Јувентус. Се наведува дека дури неговиот нов агент веќе ги контактирал челниците на „старата дама“.
Според информацијата, сега Дибала би се задоволил со понуда од 5 милиони евра плус бонуси. Самиот играч се најде во оваа ситуација затоа што не го сака ниту еден тим кој се натпреварува во Лигата на шампионите, и затоа не е чудно доколку се врати во Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА