Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по неуспешниот старт на кариерата во Лајпциг оваа зима се очекува одново да ги промени клупските бои. Се споменува враќање на Македонецот во Турција од каде постои сериозен интерес на Фенербахче, но според последните пишување на германските медиуми би можел и да остане во Бундеслигата.
За 25-годишниот фудбалер од средниот ред постои интерес од повеќе германски тимови од „големата шестка“ меѓу кои и актуелниот шампион Баер Леверкузен, како и гигантот Борусија Дортмунд.
Во Баер Леверкузен би ја имал привилегијата да заигра заедно со Флоријан Вирц зад напаѓачот, додека во Борусија Дортмунд би бил огромна помош во сезоната исполнета со повреди.
Елмас го засили Лајпциг пред неполна година од Наполи во трансфер вреден 24 милиони евра. Оваа сезона има скромна минутажа во германскиот тим настапувајќи само на шест натпревари па преселба би била идеална и за него и за клубот. Се споменува позајмица со можност за откупување на договорот, но и директен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА