Пресврт: Гвардиола ќе му даде нова шанса на Кансело

Жоао Кансело во јануари направи изненадувачки трансфер во редовите на Баерн Минхен откако влезе во конфликт со тренерот Пеп Гвардиола. Португалецот сепак не успеа доволно да се наметне во Германија за актуелниот шампион да го откупи неговиот договор па се врати назад во Манчестер Сити.

И покрај тоа што се очекуваше ова лето и дефинитивно да замине од клубот, за неговата улога сега говореше шпанскиот стартег кој даде дознаење дека 29-годишникот ќе има втора шанса.

„Жоао Канесло е тука со нас. Тој беше многу важен дел до тимот во минатото. По позајмицата во Баерн Минхен тој ни се врати нас и сега е дел од групата. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...