Иако вчера и повеќе од сигурно беше дека Велика Британија и Република Ирска ќе бидат домаќини на Европското првенство 2028 бидејќи единствени поднесоа кандидатура, денеска се случи неверојатен пресврт.
Имено руската фудбалска федерација исто така планира да поднесе кандидатура и тоа во времето во кое токму Русија е суспендирана од европскиот и светскиот фудбал поради инвазијата на нејзините воени сили над Украина.
Покрај кандидатурата за шампионатот во 2028, Русите ќе поднесат кандидатура и за континенталниот собир во 2032 што покажува дека и тоа како сакаат да бидат домаќини на ново големо натпреварување. Сепак, на крајот политиката ќе одлучува за се и целата ситуација во Украина ќе биде клучна за тоа дали Русија ќе може да биде домаќин на едно од следните европски првенства.
За потсетување Русија во 2018 година беше домаќин на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА