Пресврт: Левандовски добива нов договор од Барселона

Иако во последните неколку преодни рока, Роберт Левандовски се поврзува со заминување од Барселона, сепак, може да се случи пресврт. Полјакот на крај да остане во каталонскиот гигант, но новиот договор да биде со далеку пониска плата.

Актуелниот договор на  37-годишниот напаѓач е до крајот на сезоната, а сега Барса може да му понуди нова соработка. Наводно тренерот Ханс Флик дал зелено светло да почнат преговорите, и сега се е на самиот играч дали ќе прифати да продолжи под тие услови.

Левандовски сезонава одигра 17 меча во Ла Лига, и постигна девет голови. Тој се наметна како еден од најзначајните играчи на Барса во последните години, и еден од заслужните за трофејот во шпанскиот шампионат минатата сезона.

Се вчитува...