Пресврт: Ливерпул сега сериозно размислува за продажба на Салах

Иако потпиша нов договор оваа пролет, Салах би можел да го напушти Ливерпул во следниот период. Египќанецот минатото лето беше поврзуван со неколку саудиски клубови, но на крајот остана на „Енфилд“.  

Ливерпул наводно одбил понуда од 150 милиони фунти од Ал Итихад за крилниот фудбалер во септември 2023 година. Се зборуваше и изминатото лето, но наместо тоа тој потпиша нов договор со Ливерпул.

Сепак, дека нешто не е во ред на релација фудбалер – клуб, покажува фактот што Салах во последно време се повеќе е на клупата за резерви, нешто што не беше вообичаено откако е дел од Ливерпул.

Саудиските клубови внимателно ја следат состојбата, и со тоа да ја остварат својата најголема желба. Саудијците се подготвени да преговараат, а Ливерпул во ваква ситуација би можел да се одлучи на таков чекор, со оглед на драстичниот пад на формата на „фараонот“.

Се вчитува...