Манчестер Јунајтед е подготвен да крене раце од Кристијано Роналдо и да го раскине договорот со португалскиот напаѓач откако тој се покажа како деструктивен за целокупната екипа на „црвените ѓаволи“. Роналдо од самиот почеток бараше раскин на договорот, но Јунајтед сакаше да го задржи во тимот за да му се стави на располагање на новиот стратег Тен Хаг.
Челниците на клубот сега жалат за таквата одлука бидејќи Португалецот во меѓувреме целосно ја наруши атмосферата во тимот, видно покажувајќи го незадоволството поради слабите игри на тимот во првите две премиерлигашки кола.
Директорите на Манчестер Јунајтед стравуват дека може да дојде до уште подлабок проблем доколку Роналдо остане во текот на сезоната, па според „Скај Спортс“ сега став на клубот е дека Португалецот треба што поскоро да си замине од Манчестер.
Втор дел од проблемот е каде Кристијано би се преселил ако си замине, бидејќи ниту еден од посериозните европски клубови не сака да го доведе во своите редови. Денеска беше обелоденето дека Жорге Мендеш го понудил Кристијано на италијанските гиганти Милан и Интер, но и двата клуба без многу размислување ја затвориле вратата за доаѓање на Роналдо во нивните редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

