Пресврт: Мем наместо во Берлин, ќе заврши во ПСЖ?

Дика Мем долго време беше поврзуван како нова суперѕвезда во редовите на Фухсе Берлин, но последните информации говорат дека „бомбардерот“ сепак нема да се пресели во Бундес-лигата.

Берлин веќе го официјализираше потписот на Питлик и сите најави говореа дека следен на листата ќе биде токму десниот бек на Барселона, откако Мем го извести каталонскиот гигант дека нема намера да го продолжи актуелниот договор.

Финансиските детали биле начелно договорени, но ситуацијата се променила откако во трката се вклучил ПСЖ. „Светците“ му нудат на Мем враќање назад во татковината, за почеток на нов проект во кој тој ќе биде лидер на екипата која дополнително ќе се засили за да ја нападне европската круна.

Како што јавува „Мундо Депортиво“, Мем заминал на одмор во Бразил, се очекува по враќањето назад да ја донесе конечната одлука за иднината, но во моментов десниот бек е многу поблиску до ПСЖ отколку до Фухсе Берлин.

Се вчитува...