Иако преговорите со Барселона беа во завршна фаза, младата турска ѕвезда Арда Гулер одбрал да оди во Реал Мадрид. Станува збор за играч од средниот ред кој има 18 години, и за него покрај двата најголеми шпански клубови, се интересираше и Милан.
Меѓутоа ниту еден од заинтересираните клубови не беше конкретен како што тоа беше Барселона, но Реал Мадрид на крајот ја добива битката иако подоцна се вклучи во неа. „Марка“ пишува дека наводно за да го придобие, Барса му гарантирала и почесто место во стартниот тим. Меѓутоа Реал Мадрид дал повеќе пари.
Станува збор за сума од 17,5 милиони евра која „Каталонците“ ја дале до Фенербахче, меѓутоа Реал Мадрид излегол со понуда од 20 милиони, плус 20% од следен трансфер.
Тинејџерот го споредуваат со Месут Озил, но прашање е колку ќе успее да се избори за место меѓу „кралевите“ со оглед на „гужвата“ таму. За потсетување дека покрај Модриќ и Крос, Реал го ангажираше Белингем, а ги има на таа позиција и Валверде, Чуамени, Камавинга…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА