Џонатан Мотли и неговото бегство од Хапоел Тел Авив и понатаму се топ тема во светот на кошарката. Американскиот кошаркар демонстративно си замина од израелскиот тим и додека ја чека ФИБА разврската е во преговори за следната дестинација.
Голема е веројатноста дека Мотли одново ќе игра во Евролигата, но не во Црвена Звезда како што се најавуваше бидејќи за неговите услуги интерес покажал и Реал Мадрид, пренесе инсајдерот за „кралскиот клуб“, Алварез де Мон.
Доколку Реал Мадрид го ангажира Мотли тоа ќе биде негов втор клуб во Евролигата по Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА