Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил, останува верен на клубот со тоа што потпиша нов договор. Како што пренесува германскиот медиум „Билд“, Озил го продолжи договорот со „топчиите“ дo 2021 година и сега е убедливо најплатениот играч во клубот, со неделна плата од 350.000 фунти.
Наводно, трансферите на Обамејанг и Мхитаријан одиграа голема улога во премислувањето на Ози, особено доаѓањето на експлозивниот голгетер, всушност ангажманите се главната причина за останувањето на Германецот.
Нема сомнежи дека со новите аквизиции Венгер успеа да креира опасен напаѓачки квартет (Обамејанг-Лаказет-Мхитаријан-Озил), со кој ќе може да конкурира за одличје од следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА