Пресметката помеѓу Фулам и Барнли на „Кревин Котиџ“ заврши во корист на домашниот тим, кој победи со 3-1 благодарение на пресвртот кој го направи во последните 23. минути од средбата.
Флеминг донесе шокантно водство за гостите во 60. минута од натпреварот.
Сепак, за само шест минути Фулам негативата ја претвори во позитива. Најпрво во 67. минута Кинг израмни, за Вилсон во 73. минута да донесе прво водство за домаќините.
Во финишот Хименез од белата точка ги постави конечните 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

