Вечерва беше одигран последниот натпревар од 7-то коло во италијанската Серија А, а Интер на овој дуел по целосен пресврт успеа да го победи тимот на Сасуоло, па „нероаѕурите“ на крај на гостински терен славеа тешка победа од 1-2.
Првиот дел овој натпревар не започна најдобро за тимот од Милано, во 23-та минута домаќините поведоа преку Доменико Берарди кој беше прецизен од белата точка, па на полувреме Интер замина со негатива од 1-0.
Сепак, второто полувреме припадна во целост на „нероаѕурите“, а Един Џеко беше фудбалерот кој го најави големиот кам-бек, Босанецот во 58-та минута израмни на 1-1. До крајот на мечот Интер доби и пенал, а прецизен од белата точка беше Лаутаро Мартинез, гол што всушност значеше и победа за тимот на Стефано Пиоли.
Интер со оваа победа се доближи на еден бод до лидерот Наполи, но тимот на Елиф Елмас има еден натпревар помалку.
Sassuolo 1-[1] Inter | GOAL! Dzeko 🎥
to never miss any goal Follow here 👇@IFAST66 pic.twitter.com/wCmU6yUXAR
— Follow @IFAST66 (@ifast222) October 2, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА