Пресврт на Медведев, ја анулираше разликата од два сета и го победи Чилиќ за осминафинале на Вимблдон

Вториот носител на Вимблдон, Данил Медведев успеа да направи целосен пресврт, откако губеше 0-2, на крај обезбеди значајна победа против Марин Чилиќ од 3-2 (6-7, 3-6, 6-3, 6-3, 6-2).

Медведев лошо го започна мечот, па не успевајќи да го добие тај-брејкот, целосно се изгуби и во вториот сет, кој исто така припадна на Хрватскиот тенисер.

Сепак, следуваше супер кам-бек, Русинот го пронајде вистинскиот ритам што беше неопходн дотогаш и почна да игра како што се и очекуваше. Најпрво тој успеа да намали на 1-2, а набрзо израмни и на 2-2, Марин не можеше да се соземе од ваквиот пристап на противникот, па Данил прослави тешка, но слатка победа од 3-2 во сетови.

Се вчитува...