Ѕвездата на Челси, Еден Азар вчера даде краток и јасен одговор кога еден новинар од британскиот медиум „Мирор“ го праша дали ќе потпише нов договор со клубот, или пак ќе замине во Реал Мардид. Белгиецот истакна дека ќе го стави својот потпис на нова соработка, но не пред неговиот колега Куртоа. НБА – лигата вчера беше главен настан во Лондон, и можност за ѕвездите од Премиер – лигата да се соберат за дружба вон фудбалските терени. Азар присуствуваше на мечот помеѓу Бостон и Филаделфија во „О2“ арената кога ја потврди веста за својата иднина.
„Да… ќе потпишам нов договор, но прво мислам дека треба да потпише Куртоа. Потоа и јас“, изјави Азар за „Мирор“.
Договорот на 27-годишниот крилен напаѓач со Челси завршува во 2020 година, додека договорот на Куртоа истекува една година порано. Раководстовто на „сините“ се обидува да направи се за да ги задржи двајцата клучни играчи, а жртвуваат големи средства за да ги направат најплатениот фудбалер и најплатениот голман во Премиер – лигата, само да не заминат во Реал Мадрид.
Азар со оваа изјава ги демантираше вчерашните информации дека се согласил да се пресели во редовите на европскиот првак по крајот на оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА