Пресврт на настаните – Ибрахимовиќ останува во Лос Анџелес?

Златан Ибрахимовиќ би можел да остане уште една година во таборот на ЛА Галакси, иако на неколку пати најавуваше дека постои можност за враќање во Европа. Швеѓанецот со екипата од МЛС лигата ќе почне преговори на стартот на следната седмица.

На Златан Ибрахимовиќ му истекува договорот со Галакси, а како што тврди 38-годишникот тој се уште има квалитет за играње во Европа. Се споменуваа Серија А и Ла лига, но сепак тој прво ќе ја слушне понудата од американскиот тим.

„Мојот договор со него, а го познавам долго, е да седнеме кога ќе се смират работите и да разгледаме што е најдобро за него, неговото семејство и за неговата форма, а исто така и што е добро за нас. Сите го знаете. Тој е тема сам по себе, единствен карактер и мислам дека ни помогна со головите што ги постигнуваше“, изјави генералниот менаџер на клубот, Денис те Клос. 

Ибрахимовиќ за две сезони поминати во тимот од ЛА постигна 58 гола.

Се вчитува...