Пресврт на „Олд Трафорд“ – младата ѕвезда добива нов договор

Младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Коби Маино кој се наоѓаше пред излезните врати на „Олд Трафрод“ под водство на Рубен Аморим се препорди под водство на Мајкл Керик.

Англискиот стратег го „ослободи“ 20-годишникот и овој му возврати со одлични настапи против Манчестер Сити и Арсенал, забележувајќи и асистенција против „топчиите“.

Неговата ситуација драстично се промени па сега во Манчестер Јунајтед на својот поранмешен младинец гледаат како еден од најзначаните фудбалери за иднината.

Очекувањата се дека наскоро ќе добие и нов, далеку побогат договор со кој ќе се загарантира неговото место во клубот на долги стази.

Се вчитува...