Пресврт на релација Јувентус – Влаховиќ?

Јувентус е подготвен да влезе во нова ера под водство на Лучано Спалети кој на големо изненадување прифати неколкумесечен договор со легендарниот италијански клуб.

По седнувањето на „жешкото столче“ италијанскиот стратег го даде и првото интервју во кое говореше на повеќе теми. Една од нив беше и најплатениот фудбалер во тимот – Душан Влаховиќ кој долго време беше пред излезните врати, но се чини дека ситуацијата може лесно да се промени.

„Лесно е со Влаховиќ. Морам да разговарам со него. Немам никакви ограничување од клубот во врска со било кој играч. Ќе видиме што ќе направиме и какви ќе бидат неговите одговори. На основа на последниот натпревар против Удинезе, тој има јасни интересни, а тоа однесување се менува бидејќи одигра неверојатен натпревар“, изјави новиот стратег на Јувентус.

Се вчитува...