Пресврт: Наместо заминување, Санчез во преговори за продолжување на договорот со Интер

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез може да остане во клубот од Милано. Раководството на тимот ја разгледува опцијата Чилеанецот да не ја менува клупската средина следната зима, туку да го обнови договорот.

Ваквата информација ја пренесува „Газета дело Спорт“. Договорот на актуелниот фудбалер е со важност до 2023 година, според кој Санчез заработува околу 7 милиони евра годишно.

Оваа сезона Санчез учествуваше во седум натпревари од сите натпреварувања и имаше една асистенција. Алексис ја помина сезоната 2019/2020 во Интер како позајмен од Манчестер Јунајтед. Напаѓачот учествуваше на 29 натпревари, а запиша 4 гола и 10 асистенции.

Се вчитува...