Од поодамна веќе европските медиуми категорично пренесуваат дека Килијан Мбапе на крајот од сезоната го напушта ПСЖ и се сели во редовите на Реал Мадрид.
Но, сега тренерот на ПСЖ, Луис Енрике тврди дека тоа не е дефинитивна одлука откривајќи што би можело да го разубеди Мбапе за да остане во Париз.
„Верувам и се надевам дека Килијан ќе се премисли. Ајде да замислиме да ги освои сите четири титули сезонава, и во последен момент се одлучи да остане, за што има реална основа. Зошто да не одлучи Париз и натаму да биде негов дом? Зошто да не? Ајде да видиме“ – вели Енрике на новинарско прашање.
Мбапе има важечки договор со ПСЖ до крајот на сезоната. За францускиот шампион сезонава има 38 постигнати гола во 37 меча, а подели и седум асистенции. Вкупно за ПСЖ има 250 гола и 106 асистенции во 297 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА