Дефанзивецот на Баерн Минхен и Франција, Дајот Упамекано, даде долго интервју за „Л’Екип“. Секако, темата повторно беше за неговата иднина, бидејќи договорот на дефанзивецот истекува следното лето, како и за тоа како се чувствува под водство на Винсент Компани.
Во последните недели, стоперот се поврзува со трансфер во Реал Мадрид како слободен агент, но оваа негова изјава може да биде пресвртница, па на крајот да остане во Минхен, како што тоа го стори Алфонсо Дејвис, кога се најавуваше дека ќе оди во Мадрид, па остана во дресот на Баерн.
„Се надевам дека мојата иднина ќе биде јасна пред Светското првенство следната година. Мојот агент се занимава со тоа. Ќе ја донесеме вистинската одлука. Добивам добри совети. Фокусиран сум на оваа сезона и на моите цели со клубот и репрезентацијата. Не размислувам за иднината. Во Баерн Минхен ми е одлично. Имам одличен тренер и одлични соиграчи. Имам договор со Баерн, но исто така сум благодарен што има клубови кои се заинтересирани за мене“, изјави Упамекано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

