Драган Стојковиќ Пикси би можел да ја напушти функцијата селектор на српската фудбалска репрезентација.
Стојковиќ има неколку понуди од клубови од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Турција. Добрите резултати на српската фудбалска репрезентација во изминатите неколку години и фактот дека „Орлите“ беа учесници на Светското првенство во Катар и ЕВРО 2024 во Германија, и членови на елитната А дивизија на Лигата на нации, го ставаат Драган Стојковиќ во преден план.
Како што пишуваат српските медиуми неколку турски клубови се во пол-позиција за потписот на Пикси кој иако неколку пати беше менуван од медиумите од нашиот северен сосед, на крајот самиот ќе го напушти кормилото на „орлите“.
За потсетување, Драган Стојковиќ Пикси има договор со Фудбалската федерација на Србија до 31. декември 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

