Аталанта влезе во нова победничка низа во италијанското првенство откако во 16. коло слаеше на домашен терен со 4-1 против Салернитана и тоа по целосен пресврт во второто полувреме.
Натпреварот го отвори Пирола со гол во 10. минута за гостинска предност, а и покрај тоа што предноста од 0-1 остана на семафорот до крајот на полувремето во вторите 45. минути следеше голем пресврт. Муриел изедначи на 1-1 во 47. минута, Пашалиќ во 52. минута донесе предност од 2-1, Де Кетеларе во 83. минута стрелаше за 3-1, а Миранчук ги постави конечните 4-1.
Rimonta, quattro gol e vittoria per la Dea 🔥⚫️🔵#AtalantaSalernitana pic.twitter.com/XGQsbwV17P
— Lega Serie A (@SerieA) December 18, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

