Пресврт победа на Елмас и Наполи на гостувањето кај Фиорентина

Наполи и Елиф Елмас го зацврстија своето место на врвот на табелата во Серија А откако со пресврт славеа на гостувањето против Фиорентина со 2-1 во седмото коло. Предност на домашниот тим донесе Мартинез во 28. минута, а резултатот го изедначи Лозано во 39. минута по промашениот пенал на Инсиње.

Водство за Наполи донесе Рахмани во 50. минута од мечот, а овој резултат остана на семафорот до самиот крај. Елиф Елмас натпреварот го започна од клупата, а во 57. минута го замени асистентот на вториот гол, Пиотр Зиелински.

 

Се вчитува...