Пресврт победа на Еспањол над Атлетик Билбао

Еспањол стигна до нов триумф во Ла Лига откако во 17. коло славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао со 1-2 и тоа по целосен пресврт.

Беренгуер во 38. минута донесе домашна предност која остана на семафорот само до 44. минута пред Ромеро да го изедначи резултатот.

Гостите стигнаа до целосен пресврт во 52. минута кога Мила ја затресе мрежата за 1-2.

Со овој триумф Еспањол ја задржа петтата позиција на табелата со 33 освоени бодови, додека Атлетик Билбао останува на осмата позиција со 23 бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...