Пресврт победа на Штутгарт против Келн

Штутгарт ја забележа третата победа во Бундеслигата откако во 5. коло славеше на гостувањето кај Келн со 1-2 по целосен пресврт.

Камински донесе предност за домаќините во 4. минута од средбата, а изедначувањето беше дело на Демировиќ кој релизираше пенал во 28. минута. Вагноман во 81. минута го комплетираше целосниот пресврт.

Со деветтиот освоен бод во сезоната Штутгарт го престигна Келн и застана на делба на четвртата позиција на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...