Валенсија ја продолжува трката со Атлетико Мадрид за втората позиција во Примера, славејќи во 18. коло против Џирона со 2-1.
По два едноподруго порази, Валенсија повторно се врати на победите. До победата дојде со пресврт откако гостите поведоа уште во 8. минута со голот на Порту.
Во 26. минута Валенсија израмни преку автоголот на Рамаљо, а Парехо од пенал во 48. минута ги донесе конечните три бода.
Валенсија со 37 бода е на третото месо во Примера, со два помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид и осум помалку од водечката Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА