Пресврт победа за Србљак во Куршумлиска бања

Голема победа и пласман во второто коло на фјучрсот во Куршумлијаска Бања оствари македонскиот тенисер Горазд Србљак. Тој во првото коло го совлада тенисерот од Чиле Бенџамин Игансио Торес Фернандез со 2-1 во сетови (1-6 7-5 и 6-0) за 2 часа и 24 минути.

Првиот сет беше лоша слика за македонскиот тенисер откако по 1-0 во гемови противникот направи серија од шест гема и го доби првиот сет со 6-1. Клучен за резултатот беше вториот сет Торес Фернандез водеше со 4-1 во гемови, но Србљак се врати и успеа да изедначи, а при резултат 5-5 направи брејк и потоа во 12. гем по 14 одиграни поени ја реализираше 5. сет топка за 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет сосема поинаква слика од првиот и сите шест гема ги освои македонскиот тенисер за триумф од 2-1 во сетови. Утре во второто коло Србљак ќе игра против седмиот носител Федерико Бондиоли од Италија.

Се вчитува...