Младата репрезентација на Македонија со пораз ги заврши квалификациите за ЕП 2025. Избраниците на Драган Канатларовски во последното коло од Групата Ц во квалификациите загубија на гостувањето од Грузија со 2-1.
Македонија имаше водство на дуелот од 52. минута, но потоа домашните со два гола успеаја да дојдат до пресврт и победа која ги однесе на втората позиција на табелата и надеж, како една од најдоброрангираните второпласирани селекции да се избори за место на ЕП 2025.
А, нашите надежи до водство од 0-1 дојдоа во 52. минута по одлична акција која со ефектен гол со шут од 18 метри ја круниса Фисник Исаки со својот дебитански гол за младата селекција.
Сепак, домашните, силно желни за неопходна победа со која дојдоа до второто место, израмнија со Гордезиани во 61. минута а Ломинадзе во 71. минута постигна гол за целосен пресврт и триумф од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА