Репрезентацијата на Русија би можела да биде вратена во бараж натпреварите за пласман на Мундијалот во Катар, доколку следните денови има прекин на огнот во Украина, пренесуваат руски медиуми од извори блиски до ФИФА.
Денеска има нова рунда преговори меѓу Украина и Русија, на кои ќе зависат многу работи, а би можело да има и прекин на огнот, а потоа ФИФА да реши да ја врати оваа селекција во баражот, кој би се играл нешто подоцна – во јуни.
За потсетување дека Русија беше исфрлена од баражот поради агресијата над Украина, а натаму нема одговор од ФИФА дали ова ќе биде дефинитивен крај, и која селекција ќе игра на местото на „зборнаја“ во баражот. Сепак, со оглед дека се очекува во јуни да биде завршена агресијата, и сепак, Русите да добијат шанса да се борат за Катар, но тие мечеви би се играле во јуни, а не во март како што претходно беше закажано.
ФИФА может перенести стыковой матч ЧМ-2022 Россия — Польша на июнь ⚡️
Несмотря на отстранение российской сборной от международных турниров 🙅♂️
Что известно на данную минуту: https://t.co/LrWpzK0NiT pic.twitter.com/2tzQEV7cBJ
— Чемпионат (@championat) March 7, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА