Фијаското во првите дваесетина минути од гостувањето против Атлетико Мадрид сепак не е доволно за челниците на Тотенхем да му врачат отказ на тренерот Игор Тудор. Најавите од „островот“ говореа дека хрватскиот стратег сигурно ќе биде отпуштен веднаш по враќањето од Мадрид во Лондон, откако стана прв во историјата на „спарси“ со четири порази на првите четири натпревари како предводник на овој лондонски клуб.
Сепак, тоа нема да се случи откако највисокото раководство на Тотенхем решило да му даде последна шанса на екс-тренерот на Јувентус, и тоа на тешкото гостување против Ливерпул што е на програмата в недела.
Имено, на Тудор му е јасно ставено до знаење дека евентуален пораз на „Енфилд“ ќе значи и негово пакување на куферите и експресно заминување од Англија, каде ќе остане запаметен како еден од најслабите тренери во историјата на Премиер-лигата, без ниту еден освоен бод во елитното англиско фудбалско друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

