Пресврт: Винисиус е подготвен да ја разгледа богатата понуда од Саудиска Арабија!

И покрај вчера објавените информации во шпанските медиуми дека Винисиус Жуниор одбил понуда од Саудиска Арабија вредна една милијарда евра, сепак денеска нови моменти поврзани со евентуалниот трансфер на фудбалерот на Реал Мадрид.

Иако се тврдеше дека ниту Винисиус, ниту Реал Мадрид се заинтересирани за понудата од С. Арабија, сепак, според денешните информаации, Винисиус е отворен да разговара за добивање петгодишен договор вреден 200 милиони евра по сезона.

Според Шпанците, Винисиус е среќен во Реал Мадрид, но неверојатната понуда која ги надминува границите на здравиот разум е причината која го натерала да размисли.

Понудата до Винисиус ја доставиле претставници на Јавниот инвестициски фонд во Саудиска Арабија (ПИФ) кој е сопственик на најголемите клубови како што Ал Ахли, Ал Итихад, Ал Хилал и Ал Наср.

Се вчитува...