ПРЕСВРТ: Влаховиќ останува во Јувентус!?

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, сака да го задржи Душан Влаховиќ во тимот и покрај претходните најави дека српскиот напаѓач ќе го напушти клубот, објавува „Газета дело спорт“.

Влаховиќ има договор со Јувентус до крајот на јуни 2026 година, а преговорите за продолжување на соработката не беа успешни, па клубот сакаше да заработи пари со продажба на српскиот репрезентативец.

Дополнително, со заминувањето на Тијаго Мота од клубот и доаѓањето на Тудор, српскиот фудбалер го врати своето место во стартниот состав.

Според Италијанците, хрватскиот тренер сака да изгради уште подобар однос со Влаховиќ на претстојното светско клупско првенство, така што српскиот фудбалер веројатно ќе се согласи на продолжување на договорот и за пониска плата.

Новиот спортски директор на Јувентус, Дамиен Комоли, неодамна изјави дека Влаховиќ е врвен играч, но дека проблемот е неговата плата, додавајќи дека таа е двојно поголема од другите играчи на Јувентус. Во јавноста претходно беа лиферувани информации дека Фенербахче бил заинтересиран за Влаховиќ, но преговори никогаш немало.

Влаховиќ постигна 15 гола и пет асистенции во 41 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона.

Светското клупско првенство ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во САД. Јувентус е во групата Г со Манчестер Сити, Ал Аин и Видал.

Се вчитува...